Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечната цена на стан за квадратен метар во Црна Гора 1120 евра

Просечната цена на стан за квадратен метар во Црна Гора 1120 евра

Просечната цена на метар квадратен за стан во нова градба во Црна Гора во третиот квартал изнесувала околу 1120 евра, што е за 11,2 одсто помала во однос на истиот минатогодишен период, покажуваат податоците на црногорскиот Завод за статистика Монстат.

Во третиот квартал во Црна Гора се продадени 172 стана во нова градба, што е за 12,2 одсто помалку во однос на претходниот квартал.

Најмногу станови во нова градба се продадени во Подгорица и тоа 126. во Бар се продадени 26, а во Будва 2, а во Никшиќ еден стан.

Најголемата просечна цена на станови во нова градба во третиот квартал е договорена во општината во Будва 1770 евра за метар квадратен, следат Подгорица сп 1080 евра, Бар со 1060 евра и Никшиќ со 595 евра по метар квадратен.

Податоците на Монстат опфаќаат ново изградени продадени станови, односно оние за кои е заклучен договор за купопродажба.

Слично

Поврзани вести