Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечна цена за изнајмување на стан во Амстердам надмина 2000 евра месечно

Просечна цена за изнајмување на стан во Амстердам надмина 2000 евра месечно

Во главниот и најголем град на Холандија стана невозможно да се изнајми стан за сите чии приходи се помали од 35 000 евра годишно.

Според најновите квартални податоци, цените на изнајмување станови во Холандија пораснале за 5,2 отсто на годишно ниво, додека станарините во Амстердам пораснале двојно побрзо.

Според порталот на водечката холандска агенција за недвижнини„Pararius“ просечната цена на изнајмување станбен простор на ниво на државата изнесува 1 365 евра месечно, додека за наем на стан во Амстердам треба секој месец да се издвојат во просек 2200 евра,

Месечната станарина во Ротердам изнесува 1200 евра а во Хаг 1500 евра.

„Амстердам е најпопуларна дестинација за странци, што во комбинација со недостатокот на станови за изнајмување, создава притисок на цената“, вели директорот на агенцијата Јаспер де Грот, со констатација дека Амстердам стана прескап за лицата со средни примања.

„Речиси да не постојат станови за лицата кои на себе може да си дозволат издаток од 700 до 1000 евра месечно, односно за оние кои имаат годишен приход помал од 35 000 евра“, вели тој, и додава дека на листата за социјални станови чека околу 10 години.

Слично

Поврзани вести