Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ: Има пораст, но вработените во производство на кожа се со најмали примања

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ: Има пораст, но вработените во производство на кожа се со најмали примања

Просечната нето плата во Загреб изнесува 1.513 евра. Таа е номинално повисока за 0,5 отсто во однос на јули и за 13,3 отсто повеќе во однос на август минатата година. 

Најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 861 евро.

Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисока просечна месечна нето-плата кај правните лица за август е исплатена во индустријата за вадење сурова нафта и природен гас, во износ од 2.207 евра. 

Платите во регионот растат, а во земјава синдикатите бараат минималецот веднаш да се зголеми на 450 евра, да не се чека март идната година. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести