Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСЕЧНА ПЛАТА: Маркетинг менаџерите најплатени, текстилците најмалку!

ПРОСЕЧНА ПЛАТА: Маркетинг менаџерите најплатени, текстилците најмалку!

Маркетинг менаџерите се најплатени работници во земјава според последните показатели за примена плата во јануарина Статистика.

Наспроти нив кожарите и  текстилците со месечни примања од 11.187 денари, односно 11.926 денари се најмалку платени работници.

Државниот завод забележал просечна нето плата во јануари од 22.254 денари што е раст од 1,9% споредбено со јануари 2015.

Податоците покажуваат дека со месечни примања од 45.051 денари биле бвработените во маркетинг секторот.

Пониско од нив се рангирани, или 43.851 денари изнесувале платите на воздухоловниот сектор. Финансиерите бележат плата од  42.478 денари, а ИТ програмерите во првиот месец од 2016 просечно имале плата од 41.120 денари.

Во листата најмалку платени се вбројуваат и вработените во дрвната индустрија кои во јануари просечно земале плати од 13.519 денари. Неколку стотина денари повеќе од нив земале чистачките на згради - просек од 13.746 денари.

Угостителите бележат просечна плата од 14.157 денари.

Како се живее во регионот со просечни плати?

Од земјите во поранешна Југославија, надобро се живее во Словенија каде има највисока просечна плата. И во 2015-та година, Словенците ја зголемија просечната плата, па сега таа изнесува 1 004 евра.

Веднаш по нив доаѓа Хрватска каде просечната плата изнесува 748 евра, па Босна и Херцеговина со 422 евра.

Најниска просечна плата земаат србите, со 361 евро.

Македонија се најде претпоследна на листата. Просечната плата за време на последните статистички податоци од јануари 2015 е нешто околу 350 евра.

Слично

Поврзани вести