Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечна нето плата во ноември била 356 евра-Доволна ли е да се истера месецот?

Просечна нето плата во ноември била 356 евра-Доволна ли е да се истера месецот?

Просечната исплатена нето плата во земјава во ноември била 21.976 денари (356 евра) и била за 1,8 одсто поголема отколку во истиот месец година дена претходно.

Тоз зголемување е резултат на растот на заработката на вработените во секторот на други услуќни дејности од 9,2 одсто, во администрацијата и помошни услужни дејности од 8,4 одсто и градежништво од 7,1 одсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на просечната исплатена нето заработка во ноември во однос на претходниот месец е забележано во секторот уметност, забава и рекреација и изнесувала 23,5 одсто како и во секторот рударство и водање камен од 7,4 одсто.

Просечна месечна исплатена бруто плата, со даноци и доприноси, во ноември 2015 била 32.268 денари (523 евра) и била за два одсто поголема отколку во истиот месец претходната година.

Во ноември 2015 1,2 одсто од вработените не земале плата.

Слично

Поврзани вести