Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСЕЧНА НЕТО И БРУТО ПЛАТА: Колку изнесуваше во септември?

ПРОСЕЧНА НЕТО И БРУТО ПЛАТА: Колку изнесуваше во септември?

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2017 изнесува 34 127 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен била 23 229 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, изнесува 104.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (26.3%), Преработувачка индустрија (10.2%) и Рударство и вадење на камен (9.0%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (13.8%), Други услужни дејности (4.1%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%).

Во септември 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Слично

Поврзани вести