ПРОПУСТ: Рама без превод на српската државна телевизија
Српската државна телевизија РТС вршеше директен пренос на изјавите на српскиот и албанскиот премиер, Александар Вучиќ и Еди Рама во Белград, но гостинот зборуваше 15 минути без превод на српски јазик.
Вучиќ зборувал први порачал дека разговорите во четири очи со неговиот албански колега не биле лесни, но дека е горд што се врти нова страница „не од минатото, туку од иднината на односите меѓу Србија и Албанија, во заедничкиот пат кон Европската унија“.
Но, кога започна да зборува албанскиот премиер превод немало, па обраќањето на гостинот останало неразбирливо за поголемиот дел од јавноста во Србија.
Превод немало ниту на новинарските прашања, а од одговорите на Вучиќ станало јасно дека обраќањето на Рама не било само од протоколарна природа и оти тој зборувал и за Косово.
Вучиќ, кој го слушал преводот на говорот на Рама на слушалки, остро му возвратил на албанскиот премиер: „Нема да дозволам никој во Белград да не понижува. Косово и Метохија беа и останаа дел од Србија и никогаш немале никаква врска со Албанија!“
Тој оценил дека гостинот со изјавата за Косово само ги провоцира домаќините и дека воопшто не било договорено Косово да биде тема.
Слично
