Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пропаѓа кејот на Дрим, се префрла одговорноста за негово санирање

Пропаѓа кејот на Дрим, се префрла одговорноста за негово санирање

Дел од кeјот на реката Црн Дрим во близина на мостот на Поезијата веќе подолго време е пропаднат.

Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села се оградува од одговорноста за негово санирање. Вели дека тоа е во надлежност  на ЕЛЕМ, не на општината со која тој управува.

„Тие го користат коритото и го регулираат нивото на водата. Тоа е и причината зошто е пропаднат тој дел. Колку киловати електрична енергија произведува општина Аеродром каде што ЕЛЕМ финансира изградба на парк во вредност од 15 милиони евра, а не инвестира и не го регулира коритотот на реката Црн Дрим што е ризик за граѓаните“-вели  Села.

Реконструкцијата и одржувањето на кејот на Црн Дрим, според ЕЛЕМ, е во надлежност на општината. Локалната самоуправа треба да се грижи за безбедноста на граѓаните и за оние што користат урбана опрема во угостителските објекти.

Директорот на подружницата на ЕЛЕМ, ХЕЦ „Црн Дрим“ , Тони Маркоски објаснува дека според Законот за води, за штетните дејства на водата надлежни се општините.

„За користење на водата за производство на елетрична енергија  се плаќа месечно еден процент од остварената цена на продаден киловат.  Значи секој месец различно плаќаме според производството. Парите ги уплаќаме на трезорска сметка и половина одат во Министерството за животна средина и просторно планирање, а другата половина во општина Струга“ - кажа  Маркоски.

Пропаднатиот дел од кејот на десната страна е обележан за минувачите.

Слично

Поврзани вести