Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОПАДНАТА СЕЗОНА: Оваа земја брои загуби во туризмот-летувалиштата полупразни!

ПРОПАДНАТА СЕЗОНА: Оваа земја брои загуби во туризмот-летувалиштата полупразни!

Дефинитивно оваа летна сезона во историјата на Турција ќе се запише како една од најлошите досега.

Терористичките напади и последниот неуспешен обид за воен удар се најголемите виновници за откажувањето на аранжманите во оваа земја која веќе почна да ги брои загубите во туристичкиот сектор.

И покрај тоа што цените на аранжманите речиси бележат пад и повеќе од очекуваното, туристите ја заобиколуваат Турција и најпознатите летувалишта како Бодрум, Анталија, Кушадаси.

Иако многумина велат дека сепак нема да ги откажат резервациите, Македонците се пишманат.

Тур-операторите и туристичките агенции кои веќе имаат договорени туристички аранжмани (чартер авиолетови и пакет-аранжмани) за летната сезона во Турција, продолжуваат да ги организираат патувањата до понудените дестинации.

Она што многумина туристи го потенцираат е дека во најпознатите турски летувалишта сега може да се најдат многу поефтини аранжмани кои се движат и до 300 евра со ноќевања и all inclusive, во хотели со 4 или 5 *.

Што се однесува пак до европските метрополи, Македонците велат дека се почестите напади во Франција, и последниот во Германија ги предомислува се почесто да не патуваат, би ги посетиле доколку мораат само на службено патување.

Слично

Поврзани вести