Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пропаднала полициска акција откако полицајците се заглавиле во лифт, а дилерите побегнале

Пропаднала полициска акција откако полицајците се заглавиле во лифт, а дилерите побегнале

Полицајци требало да апсат дилери, но се заглавиле во лифт, по што дилерите им побегнале. Ова се случило минатиот петок во босанскиот град Тузла. 

Полициската акција пропаднала, затоа што полициските специјалци кои требало да уапсат двајца дилери, се заглавиле во лифт на станбена зграда.

Според информациите на Кликс.ба потврдени од повеќе извори, група припадници на Специјалната единица на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла минатиот петок тргнале на задача во која требало да уапсат две лица осомничени за пуштање во промет на наркотични дроги. Четворицата полицајци се заглавиле во лифт кој според неговата конструкција бил наменет само за две лица.

Извори на порталот Кликс наведуваат дека заглавените полицајци потоа побарале помош, а дилерите ја искористиле таквата информација како можност да избегаат.

Набргу потоа, заглавените полицајци беа извлечени од лифтот неповредени и вратени во просториите на единицата, додека дилерите се уште биле на слобода.

Засега не се знае дали и на какви санкции ќе подлежат полицајците, а од полициската управа на МВР на Тузланскиот кантон официјално не се огласиле за овој случај.

фото Кликс.ба

Слично

Поврзани вести