Пропадна тендерот за 4G технологија
Ниту еден од мобилните оператори не се пријавил на тендерот за воведување 4G технологија, распишан од Агенцијата за електронски комуникации. Според директорот на АЕК Роберт Ордановки, причината за неуспехот на тендерот лежи во конзервативното работење на мобилните оператори и нивната одбивност од воведовување технологии од новата генерација.
АЕК, сепак не отстапува од намерата за воведување на 4G, што на граѓаните треба да им овозможи да го користат најбрзиот интернет пристап што го нуди сегашниот развој на мобилните технологии. Наскро ќе биде распишан нов тендер а во меѓувреме ќе се направи анализа, но и разговори со претставници на компаниите за износот на надоместот што треба да се уплати.
Инаку на двата досега пропаднати теденри за 4G, едноктарниот надоместок што требаше да се плати изнесуваше 15 милиони евра. Директорот на АЕК Робер Ордановски вели дека ќе инсистира на повторно враќање на условот за покривање со 4G сигнал на 95 проценти од територијата на државата, а кој на вториот тендер изнесуваше 85 проценти.
Според Ордановски мрежите на операторите, се веќе подготвени за емитирање на 4G сигнал и по тој основ ќе немаат трошоци.
„Операторите ќе ви кажат дека се уште нема побарувачка на пазарот односно нема барање за толку брз мобилен интернет и оти 3G ги задоволува моментните потреби на пазарот. Но, сите нови апликации, како и новиот Ајфон 5, работат на 4G“, објасни Орданоски.
Слично
