Пропадна средбата Јункер-Груевски поради политичките случувања во земјава
Премиерот Никола Груевски во четвртокот во Брисел требаше да оствари средба со претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер, но денеска јавуваат дека планираната средба е откажана.
Причината за откажаната средба Мина Андреева портпаролката на ЕК во изјава Радио Слободна Европа ги наведува последните политички случувања во земјава кои не се соодветни за одржување на оваа средба.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски пак во понеделникот изјави дека нема сознанија околу одржувањето на ваквата средба.
Дали ова значи уште една шлаканица за македонската влада?
Слично
