Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОПАДНА ПЛАНОТ НА ГЕРМАНЦИТЕ: Најголемото грчко пристаниште го купија …

ПРОПАДНА ПЛАНОТ НА ГЕРМАНЦИТЕ: Најголемото грчко пристаниште го купија …

Со гласовите на 223 пратеници грчкиот парламент ноќеска ja одобри продажбата на најголемото пристаниште во земјата „Пиреја“ на кинеската компанија „Коско“ .

„За“ продажба на пристаништето гласаа пратениците од владејачката партија Сириза на премиерот Алексис Ципрас, како и пратениците од пратеничките групи од Нова демократија, Демократската коалиција, Потами, Независни Грци и Обединување на центристите.

Со оваа одлука пропадна планот на Германците. Герамнија не сакаше приватизацијата на грчкиот пазар да им ја препушти на други-Кинези, Руси или Јужна Кореја, а германскиот министер за економија Зигмар Габриел вчера со делегација пристигна во Атина.

Пратениците од екстремистичката Златна Зора и од Комунистичката партија гласаа против. Гласањето се одржа неколку часови пред почетокот на посетата на Ципрас во Пекинг.

Пред гласањето во парламентот владејачката партија ги повлече и промените во Договорот за продажба кој беше донесен во законодавниот дом.

„Коско“ се закани со неуспех на трансакцијата за купување на 67 отсто од акциите на пристаништето, ако властите во Атина направат промени во договорот потпишан на 8-ми април оваа година.

Слично

Поврзани вести