Пропадна најскапиот фитнес центар во Загреб – наплаќаше членарина 500 евра!
Најскапиот и најлуксузен фитнес центар во Загреб World Class се затвора. Но, без разлика на тоа клубот во текот на минатата недела се уште продавал скалпа годишна членарина од 3.900 куни (над 500 евра), па дури и покренал летна „промотивна акција“ со цена од 3.000 куни за плаќање во готово.
Информацијата ја потврдиле од фитнес цнетарот, а како причина за затворањето го навеле лошото работење на клубот. За тоа што ќе се случи со корисниците кои можеа да вежбаат таму само ако платат членарина за цела година однапред, немаат одговор.
„За сите детали уште се расправа, а кога ќе донесеме конкретна одлука, ќе бидат известени“, рекол менаџерот на клубот Ведран Жанко.
Клиентите се загрижени дека би можеле да останат и без пари и без услугата за која скапо платиле. World Class пред две години затворил еден фитнес центар во Загреб, а корисниците никогаш не си ги добиле парите назад. Дел од нив се одлучиле и да тужат, но парите не можат да си ги наплатат затоа што фирмата под која се водел овој клуб е во стечај.
Сега со нова фирма, но под истиот бренд се повторува целата постапка. Фирмата е во тешка финансиска состојба, со неисплатени плати, па дури не ја поседува ниту опремата за вежбање, затоа што не можела да го исплати земениот кредит. Ова ги зголемува стравувањата на клиентите дека ќе бидат измамени.
Слично
