Пронашол 110 илјади евра, па торбата полна со пари му ја испратил на сопственикот!
Јунак на денот во српскиот град Кладово е Игор Пауновиќ. Имено, овој сопственик на дуќан пронашол торба во која имало 110 илјади евра. Иако многумина би се двоумеле, за господинот Пауновиќ немало сомнение. Ја направил вистинската работа која може да се направи во ваков случај. Го пронашол сопственикот па на негово воодушевување му ја вратил торбата полна со пари пишува Блиц.
-Беше крај на работното време, ја забележав торбата и не ја отварав бидејќи не е моја. Се сетив дека му припаѓа на клиентот кој остави број од својот телефон за да му ја испорачаме купената врата - вели скромно овој чесен наоѓач.
Сопственикот на изгубената торба, Радомир Радосављевиќ веднаш дошол до дуќанот, пред чесниот наоѓач ја отворил торбата во која имало 10.000 евра во готово и штедна книшка со уште 100 илјади евра, како и лични документи и картичка за банкомат. Тој не можел да поверува дека торбицата му е вратена. Не можел да најде зборови со кои би му се заблагодарил на наоѓачот.
-Кога тргнав од продавницата на Игор тргнав кон дома и воопшто не забележав дека сум ја заборавил торбата. Во еден момент ми заѕвони телефонт и Игор ме побара да се вратам во неговата продавница и дури тогаш сфатив дека ми ја нема торбата. Немам зборови колку сум благодарен -рекол Радомир.
Тој додал дека е во жалост бидејќи пред четири месеци починала неговата сопруга со која живеал во прекрасен брак, а овој гест на Игор (наоѓачот) за миг му го скренало вниманието од длабоката болка.
Игор ми ја врати вербата во луѓето и нивната чесност - рекол Радомир.
А Игор, ненавикнат на публицитет, смета дека за неговиот гест не треба да се зборува бидејќи тоа е нешто нормално. „Јас не направив ништо посебно. Само на купувачот му ги вратив неговите пари. Постапив по мојата совест. Сепак, не постојат тие пари кои можат да го вратат душевниот мир“, скромно рекол Игор.
