ПРОНАЈДЕНОТО ЛАВЧЕ КАЈ БУДВА Е ВО МНОГУ ЛОША СОСТОЈБА: Веднаш е однесено на ветеринар
Лавчето кое со
денови беше изгубено во околината на Будва, пронајдено е денеска во напуштена
куќа во близина на селото Крапина, но според спасувачите од црногорската
Агенција за заштита на животната средина, тоа е во многу лоша состојба... Животното
ќе биде сместено во просториите на Службата за заштита и спасување додека не му
се најде соодветно сместување.
„Среќни сме што успеавме да го уловиме лавчето, секако благодарение на помошта на колегите и локалните жители. Животното е во многу лоша состојба, па ќе биде префрлено во прифатилиште за опоравување. Таму ќе ја добие сета потребна помош и грижа. Искрено, многу ни олесна бидејќи на некои институции во Црна Гора им докажавме дека постои лав и им покажавме како се работи.е Сега сме во контакт со колеги од регионот и Европа, се договараме што ќе правиме со лавот кога ќе закрепне и каде ќе биде сместен, вели за Нова.рс Милан Газдиќ, директор на Агенцијата за животна средина од Подгорица, кој активно учествуваше во потрагата по избеганото лавче.
Појаснува дека лавчето било во заробеништво, а сопствениците најверојатно од страв го пуштиле во дивината, бидејќи шверцот на животни е тешко кривично дело.
-Но, младенчето во моментов не претставува опасност за граѓаните на Будва, бидејќи е навикнато на присуство на луѓе. Сметаме дека сопствениците се црногорски државјани и животното нема да им го вратиме, напротив, ќе поведеме постапка против нив. Подготвивме привремен престој за животното, повикавме институции од целиот свет и добивме инструкции како да постапуваме понатаму, вели Газдиќ.
ФОТО: Printscreen/Nova.rs