Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пронајдено телото на 61-годишниот маж од Лисец

Пронајдено телото на 61-годишниот маж од Лисец

Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот овчар од Лисец, кој два дена се водеше како исчезнат во поплавите во Тетовско. Непосредно пред невремето, тој заедно со стадо овци заминал на планината на Голема Речица, каде подоцна го загубил животот.

,,Околу 20 часот во близина на наплатнатат рампа Тетово – Гостивар, на излезот од Тетово, десно во ливадите во месноста наречена Бродиште, група луѓе кои собирале пари, предмети и старо железо пронашле безживотно машко тело по што ги известиле надлежните служби "-  информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Со пронаоѓање на неговото тело, вкупниот број на жртви во невремето во тетовско се искачи на пет.

Полицијата се уште трага по шестгодишно девојче од Шипковица.

Слично

Поврзани вести