Пронајдени телата на двајцата удавени работници од „Македонски железници“
Полициската единица за специјални задачи ги пронајде телата на двајцата работници кои утрово паднаа во водите на Вардар од Железничкиот мост кај Јурумлери.
Двајцата работници се удавиле, а нивните тела биле пронајдени дури по неколку часа потрага по течението на реката.
Според „Македонски железници - Инфраструктура“, каде работеле двајцата загинати, во моментот на несреќата работниците вршеле реконструкција на мостот на пругата Скопје-Драчево, каде се врши замена на праговите, а на себе ја носеле целата потребна заштитна опрема.
Удавените Трајан Божиновски и Драган Стефановски биле на возраст од околу 60-тина годин. Полицијата изврши увид на местото на несреќата и работи на утврдување на конкретните причини.
Слично
