Пронајдени тела на мигранти во напуштена зграда
Од грчката полиција соопштуваат дека пронајдени се тела на двајца
мажи за кои се верува дека се мигранти. Телата се пронајдени во напуштена зграда во предградието на
Александропулос, град во североисточна Грција.
Оваа зграда вообичаено ја користат мигранти откако ќе ја преминат границата со
Турција.
Паталогот Павлос Павлидис изјави дека пронајдените тела се на мажи на возраст од околу 35 години и оти тие биле мртви еден месец.
Аутопсијата и истрагата на терен укажуваат дека тие, најверојатно, биле убиени во тепачка. На телото имале повреди од убоди од нож, шишиња, а биле удирани и со столици.
Слично
