Пронајдени се Србите кои исчезнаа во Грција
Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, како што
потврди за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац.
„Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа“, изјави тој за „Блиц“.
Претходно српските медиуми објавија за нивното исчезнување.
Слично
