Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пронајдени 50 мртви мигранти во камион во Австрија

Пронајдени 50 мртви мигранти во камион во Австрија

Австриската полиција ги пронајде безживотните тела на околу педесет мигранти во напуштен камион за замрзната храна.

Камионот е најден на автопатот А4, од Будимпешта до Виена. Регистарските таблички на камионот се унгарски, a логото на камионот е напишан на словачки јазик.

Шефот на полицијата Ханс Петер Доскозил случајот го нарече ,,страшен криминал'' бидејќи се претпоставува дека мигрантите биле огранизирани од криминалци кои ги искористуваат за да заработат.

Тие најчесто им даваат на мигрантите апчиња за спиење и смирување на децата за да бидат тивки. Па се претпоставува дека загинатите мигранти во камионот се задушиле.

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохан Микл-Лајтнер рече дека ова е ,,црн ден за Австрија". Tаа потенцираше дека државата нема да ги толерира криумчарите и дека ќе бидат жестоко казнувани.

Слично

Поврзани вести