Пронајден женски труп во Егејското Море, дали е на Дениса?
Грчките власти пронашле безживотно тело на млада девојка на брегот на Егејското Море, на северозападниот дел од островот Карпатос. Грчките власти ги информирале македонските дека се сомневаат оти пронајдената девојка е 23-годишната прилепчанка Дениса Маркоска, која мистериозно исчезна од брод за крстарење.
Идентитетот на трупот ќе се утврдува со ДНК анализа, а истрагата во која е вклучен и Интерпол треба да открие дали тој ќе ја расветли судбината на Македонката која исчезна ноќта меѓу 12 и 13 септември од бродот „Серенисима“ на кој работела.
Според информацијата која стигнала до македонското МНР од Атина, засега грчките власти известиле дека пронајденото тело според описот одговара на исчезнатата и носи слична облека.
Засега нема детали во каква состојба било пронајдено телото и дали на него имало видливи траги на насилство.
Слично
