Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пронајден старец со прострелна рана во главата

Пронајден старец со прострелна рана во главата
89 годишниот Г.И. е пронајден мртов во својот дом во Скопје со прострелна рана во главата. Случајот го пријавила неговата 80 годишна сопруга која го пронашла мртвото тело. До починатиот бил пронајден и пиштол па почетните сомнежи се дека можеби станува збор за самоубиство. Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција – соопштува МВР.
Слично

Поврзани вести