Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промовираме претприемачи кои вложуваат во доедукација

Промовираме претприемачи кои вложуваат во доедукација

Во кампањата за поддршка на претприемачи и компании кои го разбираат значењето од раст и професионален развој најпрво на самите себе, а потоа и на вработените ви го претставуваме Зоран Трајковски, млад претприемач од Велес. Овој човек после 10 години искуство како менаџер во бродска компанија, реши да направи промена и да започне сопствен бизнис во областа на HR sourcing.

Зоран Вие неодамна ја завршивте Академијата за човечки ресурси на Creative Hub, а долги години работевте како менаџер во една бродска компанија во областа на угостителство. Зошто се одлучивте за Академија за човечки ресурси после долги години искуство на 4 континенти во угостителство?

Трајковски: Човечки ресурси е гранка што е доста актуелна и што сега започнува да се развива и во нашата држава. Кога работев во бродската компанија беше неопходно да имам некои HR skills за да можам да го водам тимот од 400 вработени. Се решив да се запишам на Академијата затоа што знам дека во Creative Hub ќе ме насочат кон вистинскиот правец во врска со HR, и многу сум задоволен што ја избрав баш таа Академија.

Од неодамна ја отворивте агенцијата за регрутација и развој на кадар кој сака да работи во бродски компании "Морнари". Колку успеавте да научите за правилна регрутација на кадар земајќи во предвид дека не сте имале предходно искуство во HR, на Академијата?

Трајковски: Академијата ми помогна многу, особено во областа на регрутација и на развивањето на една индивидуа. Морнари е агенција што е сеуште во развој и се планира да земе замав и да оди на светско ниво, затоа мислам дека е најпотребно да се има добри HR skills. Предавачите во Creative Hub се профеционалци, и материјалот кој што се предава е и практичен и интересен за учење, едноставно можам да кажам дека ми ги отвори вратите.

Колку сметате дека е значаен развојот и вложувањето во дигитални вештини кај вработените?

Трајковски: Денес сите сме принудени да се префрлиме целосно кон технологијата, сите поминуваме повеќе време на социјалните мрежи и на интернет. Мислам дека Дигиталниот маркетинг е клучно нешто за еден бизнис, особено за да се дојде до нови клиенти.

Она што можеби многумина не го знаат е дека токму преку Вашиот систем за развој на вработени во Креатив Хаб овој семестар токму најголемиот број на запишани доаѓаат од Велес поради Вашата успешна приказна и пример. Кој е рецептот за успех?

Трајковски: Мојот рецепт за успех е секогаш да бидете со позитивна мисла, да верувате во себе и секогаш да инвестирате во себе. Додека верувате во себе и знаете што сакате нема да има никаква пречка за вас. 


Слично

Поврзани вести