Прометот во трговија на мало во мај е намален
Во трговијата на мало, во мај оваа година, во споредба со истиот период лани, гледано по групи и класи, е забележано намалување на прометот во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 16,2 отсто, а реално за 20 отсто) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7,9 отсто, а реално за 12 отсто), покажуваат статистичките податоци.
Во трговијата на мало, во мај оваа година, во споредба со истиот период лани, во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е забележан номинален пораст на прометот од два отсто, додека реалниот промет опадна за 6,7 отсто.
Слично
