Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА СО РАСТ: Колкав е тој на домашниот и на странскиот пазар?

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА СО РАСТ: Колкав е тој на домашниот и на странскиот пазар?

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2016 година во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 1.2%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 8.6%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во декември 2016  година, во однос на декември 2015 година, изнесува 106.6. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење на камен во декември 2016  година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 13.9%, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 6.4%. 

Според главните индустриски групи, прометот во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 5.9% и капитални производи за 16.8%, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 1.0% и нетрајни производи за  широка потрошувачка за 2.1%. 
Индексот на прометот во индустријата во декември 2016 година, во однос на ноември 2016 година, изнесува 83.1, додека во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 109.9.

Слично

Поврзани вести