Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА СО НОВ РАСТ - на странските пазари се остваруваат подобри резултати

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА СО НОВ РАСТ - на странските пазари се остваруваат подобри резултати

Прометот во индустријата во јули годинава е зголемен за 13,8 отсто во однос на истиот месец лани, додека пак во споредба со јуни 2025 година бележи опаѓање за 0,7 проценти. 

За периодот јануари - јули 2025 година во однос на истиот период 2024 година прометот во индустријата се зголемил за 8,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

- Вкупниот промет во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст кај Интермедијарни производи за 2,6 отсто, Капитални производи за 36,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 проценти - се посочува во соопштението на ДЗС.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст од 3,4 отсто, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи опаѓање од 1,3 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 17,4 отсто, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 10,3 проценти.

Слично

Поврзани вести