Прометот во индустријата паѓа на домашниот, расте на странскот пазар
Раст од 6,3% бележи прометот во индустријата за периодот од јануари до јуни годинава, споредено со истиот период минатата година. Според соопштението кое денеска го објави Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во јуни годинава споредено со истиот месец лани пораснал за 14,9 проценти
Сепак, остварениот промет во индустријата на домашниот пазар во јуни бележи опаѓање на годишно ниво и тоа за 6,3 отсто. Прометот реализиран на странските пазари пак има пораст од 27,7 отсто.
По сектори, на исто ниво споредено остана прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во јуни годинава во однос на јуни лани. Подобрување има во секторот „преработувачка индустрија“ каде се бележи раст од 15,8 проценти.
Во однос на главните индустриски групи, раст има кај „енергијата“ од 53,4 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,9 проценти, „капиталните производи“ за 67,2 проценти и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 9,9 проценти.
Пад пак се забележува кај трајните производи за широка потрошувачка за 19,6 проценти.
Во однос на минатиот месец мај, прометот во индустријата во јуни годинава е намален за 5,1 %.
Слично
