Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прометот на индустријата расте на странскиот пазар

Прометот на индустријата расте на странскиот пазар

На странскиот пазар прометот на индустријата расте, а на домашниот се намалува.

Прометот во индустријата во првите шест месеци од 2016 година во однос на истиот период лани има раст 9,9%.

Државниот завод за статистика објави дека раст е забележан во јуни годинава во однос на јуни лани од 3,2% и во однос на мај годинава 0,4%.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2016 во однос на јуни 2015 година, бележи опаѓање од 8,7%, а индексот на прометот остварен на странските пазари има пораст од 6,9%.

Споредено по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е на исто ниво, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај капитални производи за 21,5% и трајни производи за широка потрошувачка за 11,5%, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,8% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8%.

Слично

Поврзани вести