Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промет од близу 50 милиони евра свртен на Македонска берза во 2016-та

Промет од близу 50 милиони евра свртен на Македонска берза во 2016-та

Македонска берза запиша сензационален промет во 2016-та година.

Податоците од Годишниот статистички билтен бележат раст на прометот на Македонската берза лани  за 13,64 отсто споредбено со 2015.

Близу 50 милиони евра или вкупно 3 милијарди 23 милиони 394 илјади 172 денара се свртеле при тргувањето со акции и реализирани трансакции.

Во 2016-та биле реализирани вкупно 12.933 трансакции, или 8,93 отсто повеќе во однос на 2015 година.

Податоците покажуваат дека најголем промет е регистриран во во ноември или над 439 милиони денари или 14,53 отсто. Следи  јуни со 334,67 милиони денари или 11,07 отсто од прометот и декември со речиси 310 милиони денари.

Што се однесува до МБИ10 индексот, тој ја завршил 2016 година со вредност од 2.135 поени или 6,45 отсто повисока вредност од 2015 година.

Кај ОМБ, индексот што се однесува на обврзниците, е регистриран пад од 0,43 отсто.

Слично

Поврзани вести