Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНИ ВО ВРВОТ: Тетовски Интерпромет доби нов претседател на Надзорен одбор, Шабан Амити ќе биде на функцијата

ПРОМЕНИ ВО ВРВОТ: Тетовски Интерпромет доби нов претседател на Надзорен одбор, Шабан Амити ќе биде на функцијата

Тетовската трговска компанија Интерпромет има промени во раководните структури.

Во таа компанија е избран нов претседател на Надзорниот одбор, и таа позицијуа во наредниот период ќе ја извршува Шабан Амити.

Тој ќе дојде на местото на Харун Тачи, кој во ноември минатата година си поднел неотповиклива оставка од местото претседател на надзорниот одбор на компанијата.

За таа своја промена компанијата извести преку Македонската берза на хартии од вредност. 

„Постапувајќи согласно член 33 од Правилникот за котација на Македонска берза на хартии од вредност  АД Скопје, ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово објавува дека лицето Шабан Амити од с.Глоѓи, општина Теарце, е назначен за преседател на Надзорен одбор на ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово“, се вели во објавата на компанијата на Македонската берза.

Претходно, пак, во ноември лани, компанијата извести за следнава промена. 

„Постапувајќи согласно член 33 од Правилникот за котација, ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово објавува дека лицето Харун Тхачи од Тетово поднесе неотповиклива оставка од функцијата  преседател на Надзорен одбор на ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово“, беше нагласено во тогашното соопштение.

Инаку, Интерпромет Тетово е компанија која се занимава со трговија на мало во неспецијализирани продавници.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести