Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промени во врвот на Триглав Осигурување

Промени во врвот на Триглав Осигурување

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на последната седница  го назначи Војдан Јорданов за извршен директор со мандат од четири години.

Оваа одлука следеше откако Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје претходно го назначи Јорданов за извршен член на Одборот на директори.  Одлуката е со важнопст од денот на дадената согласност од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Јорданов доаѓа од позицијата претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, a својата професионална кариера ја гради во областите ревизија, сметководство, финансии, управување со задолжителни и доброволни фондови и слично.

Функцијата главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје,и понатаму продолжува да ја врши Ѓорѓе Војновиќ, додека мандатот на Рок Пивк за функцијата извршен директор истече на 30 март.


Слично

Поврзани вести