ПРОМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ: Еве кој е новиот член
Македонска берза извести дека согласно Глава 6 од Правилата за котација, има измени во органите на управување во УО на Универзалната Инвестициона Банка АД Скопје (УНИ Банка).
„Извршниот одбор на Народна банка на РСМ со Решениe бр. 15-18336/7 од 21 август 2025 година, издаде претходна согласност за именување на г-дин Орлин Георгиев Ваташки за член на Управниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје“, информираа од берзата.
Слично
