Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ - Трајановска именувана за нов член

ПРОМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ - Трајановска именувана за нов член

Ново име во Управниот одбор на Стопанска банка АД - Скопје. Мирјана Трајановска станува член на УО, а таа е Генерален директор за финансии на Банката. 

За промените во управниот одбор на банката стигна известување на Македонска берза. 

- Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 18/2025 од 24.03.2025 год. и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-13009/5 од 19.6.2025, г-ѓа Мирјана Трајановска се именува за член на Управен одбор – Генерален директор за финансии на Банката - се наведува во објавата доставена до Македонска берза. 


Слично

Поврзани вести