ПРОМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА МАКЕДОНИЈА ТУРИСТ - избран е нов претседател, Ташков е разрешен од позицијата
Македонија турист, една од најголемите хотелиерски групации има нов претседател на Управнот одбор.
Одлука за разрешување на досегашниот претседател Горан Ташков е објавена на Македонска берза, а согласно објавата, неговиот мандат престанува во моментот на објавување на одлуката.
Согласно објавата поставена на веб страната на Македонска берза, нов претседател на Управен одбор на Хотелско угостителско акционерско друштво Македонија Турист Скопје се именува Ацо Дудлоски од Струга.
Согласно објавата новиот претседател на УО е овластен да го застапува и претставува друштвото во односите со трети лица.
Неговиот мандат започнува со објава на одлуката и трае до 10 март 2031 година.
Воедно преку Македонска берза, од Македонија турист известуваат и за нов член во Управнот одбор, а тоа е Леонид Антиќ од Скопје.
Неговиот мандат ќе трае шест години.
П.О.
