Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНИ ВО РОКОВИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ – се крчкаат законски измени, ќе им бидат ли добредојдени на инвеститорите?

ПРОМЕНИ ВО РОКОВИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ – се крчкаат законски измени, ќе им бидат ли добредојдени на инвеститорите?

На предлог на повеќе пратеници од редовите на владејачката коалција во Собранието се доставени предлог иземени на Законот за финансиска поддршка на ивестиции. 

Согласно предлогот на пратениците, се бара промена на рокот предвиден за аплицирање за финансиска поддршка за инвестиции. 

Имено, во Собранието веќе е доставен предлог закон за измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, односно на законот со кој се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија. Врз основа на прописите во овој закон се доделува финансиската помош.

Како што е посочено во законското решение рокот се заменува и наместо досегашниот 15 октомври, треба да се пролонгира до 10 декември.

-  Во Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции зборовите: „15 октомври 2025 година“ се заменуваат со зборовите: „10 декември 2025 година“.Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“– стои во законското решение доставено до пратениците.

Самите предлагачи посочуваат дека целта на законот е пролонгирање на рокот за поднесување на барање за исплата на финансиска поддршка. Според нив, оваа законска измена нема да предизвикува финансиски импликации врз државниот Буџет, за спроведување на предложениот закон не се потребни дополнителни финансиски средства и истиот не повлекува материјални обврски за одделни субјекти.

Се бара за оваа измена да се гласа по скратена постапка.

- Предлогот на закон за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции содржи 2 члена. Со член 1 се интервенира во членот 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции и се одложува рокот за поднесување на барање за исплата на финансиска поддршка во 2025 година. Со членот 2 се уредува влегувањето во сила на законот– се посочува во документот доставен до пратениците.

П.О.

Слично

Поврзани вести