ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНИ ВО ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ НА СТОПАНСКА БАНКА: Бојан Стојаноски си поднесе оставка

ПРОМЕНИ ВО ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ НА СТОПАНСКА БАНКА: Бојан Стојаноски си поднесе оставка

Стопанска банка АД Скопје, останува без генералниот директор за управување со ризици, Бојан Стојаноски. Тој беше член и на Управниот одбор на банката.

За измените во органите на уоравување, банката, ја информираше и Македонската берза.

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

На ден 16.7.2025 година, г. Бојан Стојаноски поднесе оставка од позицијата член на Управен одбор и Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје“, се вели во соопштението.

Пред да му се приклучи на менаџерскиот тим на СБ, својата кариера успешно ја градеше во Халк банка АД Скопје на значајни позиции, меѓу кои директор на Сектор за кредитирање, Секторот за финансиско управување и планирање, Секторот за управување со лоши пласмани, Секторот за управување со средства и ликвидност, како и Секторот за маркетинг и продажба. Претходно кариерата ја гради во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје каде што работи како член на Управниот одбор и втор генерален директор.

Работи и како заменик претседател на Банкарското здружение.

Д.Т.


ad
Слично

Поврзани вести