Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промени во органите на управување и раководење на Силк Роуд банка

Промени во органите на управување и раководење на Силк Роуд банка

Силк Роуд Банка претрпе измени во органите на управување и раководење.

Според информацијата објавена на Македонска берза во Централниот регистар на Северна Македонија на 19.08.2019 е извршен упис на Ролф Валтер Шнеебели за Член и Претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка.

Како што се посочува вршителот на должност Член и Претседател на УО е именуван по добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на РСМ за именување на Член и Претседател на УО на Банката.

Со тоа членови на Управниот одбор на банката се Ролф Валтер Шнеебели - Член и Претседател на УО на Банката и Игор Димитров -Член на Управен одбор

Слично

Поврзани вести