Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промени во Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска избрана за неизвршен член на Одборот на Директори

Промени во Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска избрана за неизвршен член на Одборот на Директори

На 17-тата седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, одржана на ден 14.07.2023 година, донесена е Одлука за избор на Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска за неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Учета Дузлевска замина од позицијата Генерален директор и извршен член на Одборот на директори преземајќи меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав.

Останати членови на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје се: Г-дин Тедо Дјекановиќ, неизвршен член и Претседател на Одоборот на директори, Г-дин Владимир Мишо Чеплак, независен-неизвршен член на Одборот на директори, Г-дин Иван Сотошек, неизвршен член на Одборот на директори, Г-дин Ѓорги Јанчевски независен-неизвршен член на Одборот на директори и Г-ѓа Христина Џамбазовска Анастасов, Извршен член на Одборот на директори.

Слично

Поврзани вести