Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Колкава е стапката на невработеност?

ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Колкава е стапката на невработеност?

Невработеноста во Италија e на најниско ниво. 

Стапката на невработеност во мај изнесувала 6,8 отсто, исто како и во април, што значи дека и понатаму е најниска во последните 16 години, објави Италијанскиот институт за статистика (Истат). Во Италија во мај се регистрирани 1,75 милиони невработени лица, приближно исто како и во април. Бројот на вработени е намален за 16 илјади на 23,95 милиони, а зголемен е бројот на лица кои не се активни на пазарот на трудот, се наведува во извештајот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Невработеноста кај младите меѓу 15 и 24 години се зголемила за 0,1 отсто до 20,5 отсто во мај, пренесува Capital.ba. Минатиот месец Истат објави прогноза во која се наведува дека италијанската економија годинава ќе порасне за еден процент, а следната година за 1,1 отсто.

Растот на домашната и странската побарувачка од по 0,7 отсто ќе го поддржи напредокот на италијанската економија. Таа ќе расте во следниот период поради растот на домашната побарувачка од 0,9 отсто.

Слично

Поврзани вести