Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОМЕНИ ВО БУГАРИЈА: Веќе нема да праќаат воена помош на Украина

ПРОМЕНИ ВО БУГАРИЈА: Веќе нема да праќаат воена помош на Украина

Бугарија нема да испраќа воена помош во Украина.

Новата бугарска влада, предводена од премиерот Румен Радев, нема намера да продолжи со испраќање на воена помош за Украина. Ова официјално го соопшти  бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов.

„Време е да седнеме на преговарачка маса. Време е да се бара праведен мир што ќе го одредат двете страни“, рече Стојанов на прес-конференција, според Бугарското национално радио (БНР).

Ваквиот чекор доаѓа како директна последица на неодамна завршените парламентарни избори во соседна Бугарија.

Промената на политиката доаѓа по парламентарните избори одржани на 19 април, на кои победи политичката опција предводена од Радев, долгогодишен критичар на воената помош за Киев.

Според ставот на бугарското Министерство за одбрана, конфликтот е влезен во фаза каде вооружувањето веќе нема стратешко влијание врз воените дејствија.

„Снабдувањето дополнително оружје ќе доведе само до нови човечки жртви без да се промени ситуацијата на терен“, рече тој.

Досега, како членка на НАТО и ЕУ, Бугарија имаше активна улога во испораката на муниција и опрема за украинските сили.

Бугарија испрати вкупно 13 пакети воена помош од почетокот на руската тотална инвазија на Украина во 2022 година. Софија има големи залихи на оружје од советската ера кое беше компатибилно со опремата на украинските сили.

Војната трае веќе петта година. 

Слично

Поврзани вести