ПРОМЕНИ: Македонска берза со нов одбор на директори
Македонска берза има нови членови во одборот на директори.
Според она што го пишува во одлуката за измени во членовите на одборот директори, новите членови се избрани поради потребата од усогласување на составот, како и претстојното истекување на мандатот.
Новиот Одбор на директори на Берзата го сочинуваат:
1. Коста Костовски
2. Тони Стојановски
3. Петар Трпески
4. Михајло Брова Зиков
5. Иван Штериев
6. Кирил Јовановски
7. Горан Анастасовски – независен член
8. Иван Мишев – независен член
Воедно, на конститутивната седница на Одборот на директори на
Берзата одржана на 28.11.2016 година, за Претседател на Одборот на директори на
Берзата беше избран Коста Костовски.
Македонска берза со сензационален раст на прометот во октомври
Што се однесува до прометот на берза, официјалните информации забележаа сензационален раст во октомври.
За месец октомври прометот на берзата изнесува 271.876.233 денари или неверојатен раст од 73,64%. Во септември прометот изнесуваше 156.578.963.
Бројот на трансакции на Берзата во октомври изнесува 1.457 и истиот бележи раст 51,77%.
Индексот МБИ10 порасна за 6,37% и изнесувал 2.078,84 индексни поени.
