ПРОМЕНИ КАЈ ВАЛУТИТЕ: Еврото падна во однос на доларот
Еврото во однос на доларот е на најниско ниво во последните две и пол години.
Индексот на американскиот долар покажува дека вредноста на оваа валута во однос на другите шест најголеми светски валути пораснала во текот на минатата недела за 0,45 проценти на 99,14 поени, што е највисоко ниво за четири месеци. Еврото во однос на доларот паднало за 1,1 процент на 1,0830 американски долари, што е најниско ниво за две и пол години.
Цената на златото денеска беше највисока во историјата во однос на еврото, а според доларот го достигна двонеделниот максимум.
Слично
