Променета маршута: Опозицијата и денеска на протест низ Скопје
Опозицијата и денеска точно на пладе се собра кај салата Јане Сандански во Аеродром. Притоа за денешниот ден маршутата е променета и колоната ќе се движи по сообраќајниците на населбите Аеродром, Ново Лисиче, Автокоманда, Железара, Чаир и Центар.
Од салата „Јане Сандански“ , автомобилската колона се упати кон булевар „АВНОЈ“ во Ново Лисиче. На крстосницата со булевар „Србија“, караванот сврте лево по булеварот „Киро Глигоров“, се до клучката во Автокоманда, за потоа да продолжи да се движи по булеварот „Александар Македонски“ и преку улиците „16-та Македонска бригада“, „Коце Металец“ во Железара и „Ферид Бајрам“ во Чаир.
На крстосницата пред општина Чаир караванот ќе сврти десно по булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, па потоа лево по улицата „Босна и Херцеговина“ и ќе се движи по улиците „Кемал Сејфула“, „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, се до булеварот „Крсте Петков Мисирков“.
Преку булеварот „Гоце Делчев“, покрај ТЦ „Мавровка“ и „Илинденска“, караванот ќе пристигне пред зградата на Влада на Република Македонија.
Со протестниот караван опозиционерите бараат враќање на легитимитетот на институциите кој, како што велат беше згазен на 24 декември, како и предвремени избори.