Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промена на планот – Гаспром сам кон Кина!

Промена на планот – Гаспром сам кон Кина!

Нафтоводот „Моќта на Сибир“,  кој треба да транспортира природен гас од Русија во Кина, Гаспром ќе го изгради сам, без учество на главниот изведувач.

Како што објави весникот „Вједомости“, повикувајќи се на извор близок до Гаспром и изведувачите, Гаспром ќе ја промени шемата на работа во врска со изведувачите за изградба на нафтоводот и целиот проект ќе биде поделен на помалку мали.

Претходно Гаспром ги распоредуваше најголемите работи така што го одредувал клучниот градител за поедини  цевководи.

Така главен градител беше Јужниот гасен коридор, кој требаше да испорачува гас во Јужен тек, а сега во Турски тек, фирмата „Strojgasmontaža Arkadija Rotenberga“.

„Strojtransgas Genadija Timčenkо“ требаше да биде главен за европскиот дел на Јужен тек, а за поставување на цевките за Северниот тек, главен градител беше „Strojgaskonsalting Zijada Manasira и Ruslana Bajsarova“.

Меѓутоа, со „Моќта на Сибир“, таквиот пристап е различен, укажуваат соговорниците за весникот. Главни кандидати за изградба на цевководи „Strojgasmontaža“ и „Strojtransgas“ се под санкции, поради што не може да увезуваат дел од неопходната опрема.

Санкциите создаваат и финансиски проблеми за изведувачите на работите. За големи објекти неопходни се високи банкарски гаранции и кредити, до кои фирмите под санкции немаат пристап, а Гаспром ќе ги наплати работите дури после предавањето на објектот.

За помалите подизведувачи ќе биде полесно да привлечат гаранција и кредит, наведува еден од подизведувачите на Гаспром.

Вредноста за изградба на  „Моќта на Сибир“, со должина од 4000 километри се проценува на 770 милијарди рубљи (11 милијарди долари). Почетокот за испорака на гас од тој нафтовод е планиран за 2019 година.

Гаспром се подготвуваше за изградба на  „Моќта на Сибир“ со аванс кој требаше да го добие од Кина, за кој, за возврат, цената на гас би била поефтина, но од тоа се откажал.

Слично

Поврзани вести