Промена на билет и враќање на парите од „Туркиш ерлајнс“ по нападот на аеродромот во Истанбул
Поради терористичкиот напад кој се случи синоќа во Истанбул на меѓународниот аеродром „Ататурк“, компанијата „Туркиш ерлајнс“ ги повикува патниците да направат пререзервација без надомест или да побараат поврат на средствата доколку не ги искористиле нивните билети.
Од компанијата велат дека продолжената валидност на билетот може да се направи до 31 јули 2016 година .
Во моментов летовите на меѓународниот турски аеродром Ататурк се одвиваат во нормална состојба со намален капацитет.
Вечерашниот лет Истанбул-Скопје-Истанбул е откажан.
Синоќа аеродромот Ататурк беше цел на терористички напад.
Слично
