Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пролонгирање на повластена стапка на ДДВ за експанзија на станбената изградба

Пролонгирање на повластена стапка на ДДВ за експанзија на станбената изградба

До крајот на мецесот треба да бидат изгласани законските измени кои на Законот за ДДВ кои се во собраниска процедура а се однесуваат на пролонгирана повластена стапка за изградба на станови.

Вицепремиерот Ставрески смета дека пролонгирањето до крајот на 2018 ќе влијае позитивно врз градежниот сектор и ќе доведе до експанзија на станбената изградба.

„Владата ги слушна барањата на Градежната комора и реши да им излезе пресрет“, рече Ставрески напоменувајќи дека изградбата на становите и првиот промет на становите да биде со повластена даночна стапка од 5 проценти што ќе овозможи понатаму градежна експанзија во делот на станбената изградба и ќе ја одржи цената на становите.

Оваа мерка на Владата, вели Ставрески резултирала со  значително зголемување  на изградбата на станови во Македонија, овде споменувајќи го и проектот „Купи куќа купи стан“, каде дава субвенции за лицата кои ќе се решат  да стекнат сопствен дом.

- Со 3,8 милиони евра досега субвенции од Владата дадени се станбени кредити во износ од 20 милиони евра, што овозможи 620 семејства  да го решат станбеното прашање. Остануваме отворени за соработка со Градежната комора  и со Сојузот на стопански комори со цел да овозможиме добри услови за градежните компании и да дадеме поддршка во делот што зависи од Владата, најави Ставрески.

Од Градежната Комора велат дека владините мерки придонеле за стабилен раст и продолжување на нивната работа

Роберт Хот оценува дека стабилната политика во однос на капиталните инвестиции придонесува во наредните три-четири години да продолжи стабилниот раст на градежниот сектор во нискоградбата со изградба на автопатишта, регионални и брзи патишта.

Слично

Поврзани вести