Пролетната сеидба е нарушена во многу региони поради судирите на Блискиот Исток
Околу една третина од светската трговија со ѓубрива по море поминува низ Хормутскиот теснец. Производителите од Заливот учествуваат со околу 43-49 отсто во глобалниот извоз на уреа и околу 30 отсто во извозот на амонијак.
Регионот, исто така, снабдува околу 44 отсто сулфурна киселина, главна суровина за ѓубрива.
Азотните ѓубрива (уреа и амонијак) се клучни за приносите од земјоделските култури и зависат од евтиниот природен гас од Персискиот Залив. Речиси целиот извоз од Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ и Иран мора да помине низ теснецот.
Цените на ѓубривата се зголемија за околу 30 отсто од крајот на февруари. Бродовите со ѓубрива се заглавени во пристаништата во Персискиот Залив.
Пролетната сеидба е нарушена во многу региони.
Најпогодени земји се:
Индија, Пакистан, Бангладеш: растечките цени и недостигот на гас влијаат на фабриките за ѓубрива.
Бразил: повисоките трошоци за ѓубрива го загрозуваат производството на соја.
Кина и Југоисточна Азија: зголемени цени на ѓубривата.
Неколку делови од Африка: недостигот на ѓубрива ја загрозува безбедноста на храната, пишува каналот на Телеграм, Источен фронт.
foto printskrin youtube
