Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пролетен снег во Македонија

Пролетен снег во Македонија
Снежна покривка од неколку сантиметри утрово има во Гостивар, а снегот продолжува да паѓа. Пролетен снег го изненади и Дебар, каде што утрово снежната покривка достигна и 20 сантиметри. Во Маврови Анови и на брегот на Мавровското Езеро дебелината на снежната покривка достигна над 15 сантиметри, додека на скијачките патеки на планината Бистра повеќе од дваесеттина сантиметри. Cообраќајот се одвива во отежнати услови поради што се препорачува поголема внимателност. Забрана за тешки товарни возила е воведена од изутринава на планинскиот премин Ѓавато, патните правци Охрид – Ресен,Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар- планински превој Стража-Кичево и Струга-граничен премин Ќафасан, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на останатите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од земјава има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај. Метеоролозите и за следните неколку дена предвидуваат студено и врнежливо време.
Слично

Поврзани вести