Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПроКредит Банка годинава ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение

ПроКредит Банка годинава ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение

ПроКредит Банка Македонија оваа година ќе биде ексклузивен партнер на Македонско-Германското стопанско здружение, известија од здружението.

ПроКредит Банка Македонија нуди банкарски услуги како за мали и средни претпријатија, така и за физички лица. ПроКредит Банка главно е активна во Југоисточна и Источна Европа.

Преку одговорно банкарство и услуги, ПроКредит Банка сака да даде придонес за одржлив економски развој во земјите во развој во кои работи групацијата.

„Во име на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение, би сакал да се заблагодарам на ПроКредит Банка Македонија, со чија поддршка Здружението во текот на целата година ќе може да ги зголеми своите активности, изјави Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство.


Слично

Поврзани вести